Бивш полицаец стана вториот афроамерикански градоначалник на Њујорк

epa09560642 New York City mayor-elect Eric Adams acknowledges supporters gathered for an election night event as he takes the stage to give his victory speech at a hotel in Brooklyn, New York, USA, 02 November 2021. Adams, a Democrat and the current Brooklyn Borough President, defeated Republican challenger Curtis Sliwa. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во управувањето со градот го очекуваат проблеми врзани со заживување на економијата по кризата предизвикана од ковид-пандемијата, економската и социјална нееднаквост, недостатокот на евтини станови и тешкотиите во јавното образование.

Демократот Ерик Адамс, кој е поранешен полицаец и борец против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк. Во кампањата 61-годишниот демократ го победи републиканскиот ривар Куртис Силв со голема разлика во гласовите со што стана вториот Афроамериканец кој ќе биде градоначалник на Њујорк.

Функцијата ќе ја преземе од демократот Бил де Бласио кој беше на функцијата осум години.

Во кампањата Адамс ветуваше дека ќе ја зајакне безбедноста во градот и ќе им даде глас на работниците, повикувајќи се на своето искуство во полицијата и на искуството со полициската бруталност на која како Афроамериканец бил изложен во младоста. Исто така, тврдеше дека градот не може економски да закрепне ако не се расчисти со криминалот. Тој остро ги отфрлаше и повиците на смалување на буџетот за полицијата оценувајќи дека станува збор за левичарско активизам и се залагаше за рамнотежа помеѓу барањата за зајакнување на полицијата и оние за полициски реформи.

Како поборник за работничката класа, пак, доби поддршка од синдикатите и ветуваше дека ќе се залага жителите со пониски примања подобро да се поврзат со градската администрација со цел да ги добијат услугите на кои имаат право, но не ги користат.

Во управувањето со градот го очекуваат проблеми врзани со заживување на економијата по кризата предизвикана од ковид-пандемијата, економската и социјална нееднаквост, недостатокот на евтини станови и тешкотиите во јавното образование.

Photo: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Total
3
Shares

USJE
Поврзани објави