Бремена жена хоспитализирана со делта сој

Бремена жена, вратена од Шведска, заедно со нејзиниот свекор се хоспитализирани со делта варијантата на коронавирусот на една од приватните клиники во земјава. Клиничката слика им била непредвидлива, велат докторите за Телма, што значи дека е слична како со британскиот сој и се менува од час на час. Свекорот синоќа бил интубиран, и поставен на кислород иако бил примен со полесна клиничка слика.

Во меѓувреме, се чекаат резултати од ковид тестот на уште шест или седум членови на ова семејство кои што имаат симптоми, откако делта варијантата била потврдена кај свекорот и снаата. И свекрвата вчера била хоспитализирана на истата клиника, меѓутоа не е потврдено дека е заразена со делта сојот како што е потврдено за нејзиниот сопруг.

Освен овој потенцијален кластер, во истата клиника хоспитализирани се и брачни сопружници, од кои едниот се вратил од Ирак и е позитивен на делта сојот. Неговата сопруга исто така е хоспитализирана. Министерот Филипче вели дека се уште не е информиран за овој случај.

Телма

Total
153
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Груевски доби азил

Унгарската Канцеларија за миграција го одобрила барањето на осудениот екс премиер, Никола Груевски, за политички азил во Унгарија,…