Буџаку предложен за амбасадор во Канада, за Бугарија се „крчка“

За Агрон Буџаку за Канада и за продолжување на дипломатскиот ангажман на уште тројца актуелни амбасадори од кои едниот во Узбекистан, а припаѓаат на  амбасадите кои покриваат уште две соседни земји, се позициите или местата за кои се разговара во моментов во рамките на процесот за пополнување на македонските Дипломатски претставништва во светот,информираат извори на НоваТВ.

На Агрон Буџаку кој е кадар на ДУИ, доколку биде избран за амбасадата во Канада, ова нема да му е прво дипломатско искуство, туку продолжување на амбасадорувањето по 2015 година кога му заврши она во Париз кое го почна во 2009 година.Годините по 2015 тој беше директор на Центарот за управување со кризи.

Македонија е без амбасадори во Соединетите Американски Држави,  натаму во Бугарија за каде консултациите, според шефот на дипломатијата Бујар Османи, биле во тек со цел да се најдело најдоброто решение.

За во пет земји пак амбасадорите се пред заминување но не можат да бидат испратени затоа што не се свикува Комисијата за надворешни работи во Собранието каде што тие ќе треба да ги образложат своите погледи за идната дипломатска мисија, изјави Османи.

– Пет амбасади чекаат со сите завршени подготовки затоа што не се поканети 15 минути во Собрание да ги презентираат своите тези и очекувања и утредента да бидат упатени дали во Рим или во други важни градови во светот. А тие се важни амбасади, кои стојат празни, изјави вчера министерот за надворешни Бујар Османи.

Тој потенцира дека улогата на Парламентот не е законска обврска, туку повеќе е политичка волја на институциите за да се слушне мислењето и на опозицијата.

– За жал, опозицијата продолжува да биде пречка. Иако имавме пробив со две групи на амбасадори, сега петмина сè уште чекаат, истакна шефот на дипломатијата.

Министерот за надворешни работи информира и дека е почната имплементација на стратегија за покривање на сите држави во светот и со нерезидентни амбасадори во оние држави каде што државата нема амбасади.

извор: novatv.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Земјотрес во Охрид

Утрово во 3:26 часот бил регистриран земјотрес во близина на Охрид со јачина од 3,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил…