Видео: Битолски матурант со два пајтона си го направи ќефот низ Битола

Битолчанецот Петар Атанасовски, матурант од техничкото СОУ Ѓорги Наумов од Битола за неговата матура со два пајтона си го направи ќефот вртејќи цел круг околу Битола.

Во едниот пајтон на славниот пајтонџија Манди беше тој, во другиот музиката и заедно продефилираа низ битолските улици и чикмаци како на времето пред сто години кога во Битола баш со истиот пајтон се возеше големиот султан Мехмет Решат Петти, сниман од големиот Манаки.

Жерлбата му била да помине со три пајтони како во познатата песна Ако одам во Битола на битолскиот автор Петар Калица но не успеал да најде уште еден.

извор: babambitola.mk

Total
0
Shares
Related Posts