Видео: Голем пожар до граничниот премин Богородица

Голем пожар гори кај граничниот премин Богородица на границата со Грција, близу хотелот „Фламинго“, каде гори борова шума кај граничната караула на АРМ. Пожарот избувнал околу 12 часот, на терен се гевгелиската Противпожарна единица и Комуналец и се обидуваат да го локализираат.

Според очевидци кои испратија видео до редакцијата на Досие огнот бил страшен , а на самата граница возилата и патниците само се пропуштале што побрзо да го напуштата теренот.

Пожарот е уште активен, најверојатно изгоре и караулата на АРМ, а голема е веројатноста да е префрлен и на грчката страна. Сè уште нема официјални информации за димензиите на пожарот и евентуалната штета.

Граничниот премин Богородица во попладнево беше затворен, а сообраќајот беше пренасочен кој Дојран. Околу 16.30 часот преминот Богородица беше отворен за сообраќај, но не се знае дали ќе остане отворен.

Total
1
Shares
Поврзани објави