Видео: Драган Бјелогрлиќ приведен поради напад на српски режисер

Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ во хотел во Ниш рано утрово го нападнал и претепал режисерот Предраг Антониевиќ.
По инцидентот во хотелот Амбасадор во Ниш, Бјелогрлиќ е приведен во полиција.
Според српските медиуми Бјелогрлиќ од зад грб му пришол на Антониевиќ и го нападнал.
Бјелогрлиќ по приведувањето во полиција бил тестиран на наркотици за да се утврди дали во моментот на нападот бил под дејство на опијати, пренесуваат српските медиуми.

Предраг Гага Антониевиќ инаку е режисер на филмот „Дара од Јасеновац“ , тој пред извесен период јавно го обвинил Бјелогрлиќ дека на почетокот на 2016 година му нудел мито за да го поддржи неговиот филм „Есен на самурајот“.

Извор: Republika.rs

Total
9
Shares
Поврзани објави