Примил 12 вакцини против ковид и сака уште: Ми се намалија болките во грбот, а апетитот ми се подобри

Човек од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина и вели дека верува дека тие дози му помогнале против болки во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми.

Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар изјавил дека дозата ја примил девет пати со пријавување со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата, објави USA Today.

Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.

– Верувам дека тоа ми помага за општо здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна – изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителните дози на антивирусни вакцини придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да прими повеќе дози.

Total
0
Shares
Поврзани објави