Долго топло септемвриско време

Кај нас веќе подолго време владее стабилно, суво, топло и сончево време без врнежи а така ќе продолжи се до крајот на оваа па дури и во текот на следната недела а услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд има утре (сабота) и тоа на планините на северозапад и север.

оплото, стабилно, суво и сончево време повремено со умерена облачност но и летните температури на воздухот кој се натрпосечни за овој дел од годината се поради активниот Атлантик каде се раѓаат урагани и се движат кон САД а таков случај е и актуелниот аураган ФЛОРЕНС кој пустоши во Јужна Каролина.

Од друга страна пак на почетокот од следната недела уште еден ураган ќе се формира над Атлантикот но овој пат истиот ќе продре до европа поточно ќе зафати делови од северозападна европа каде ќе услови врнежи и силни ветришта.

Ние во Македонија можеме да уживаме во долгиот период на стабилно, суво и вистинско летно септемвриско време.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави