(ВИДЕО) Македонската царина заплени минибус со бункери за криење стока

Македонските цариници на граничниот премин „Табановце“ запленија минибус со албански регистарски ознаки кој, како што соопштија од Царината, имал специјални бункери во вентилацискиот систем на возилото кои служат за криење стока. За да се прикријат, бункерите биле обложени со тапацир.

„Случајот е откриен од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана – Брисел“,информираат од Царинската управа во соопштението.

„По поднесена пријава до надлежниот суд, истиот донесе одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон“,додаваат од Царината.

Во соопштението на Царинската управа се наведува дека за една недела, ова е втор случај на заплена на специјално конструирано возило кое е приспособено за криење стока.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Изјавата на претседателот дека дава целосна поддршка на JO ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да…