Украдени нотите на оперската певица Весна Ѓиновска – Илкова

Пред малку оперската певица сопранот Весна Ѓиновска – Илкова објави дека била ограбена односно од нејзиниот шкаф на работното место кој бил обиен и е украден работен материлијал. Еве што таа напиша.

“До таму сме стигнати!
Да го обијат шкафот каде чувам нотен материјал за моите студенти. А нотите се основна алатка за нашата работа.И не е прв пат. Ова ми покажува неколку работи.
Прво – интерес за мојата работа,
второ – пакост,
трето – сиромаштија.
Отсекогш сум либерална кон моите деца, и како велат шаком и капом добиваат ноти,не фотокопии, туку оригинални изданија, кои ги терам да ги фотокопираат целосно. Се со цел да имаат повеќе. И не само на нив. Давам нотен материјал на секој кој е заинтересиран за работа. Отсекогаш.Со ова ми се докажува по кој знае кој пат дека личната култура, културата кон работата и однесувањето во највисоката институција е предмет на една голема анализа која треба да биде спроведена”.

Total
0
Shares
Поврзани објави