ВИДЕО: Јапонец создаде телевизиски екран со вкусови

Јапонски професор развил прототип на телевизиски екран кој може да имитира вкусови на храна, што се смета за нов чекот кон создавањето мултисензорно доживување во текот на гледањето телевизиски програми.

Уредот наречен „вкусувачки ТВ“ (Taste the TV – TTTV) користи реденик со десет резервоари за различни ароми кои во разни комбинации ја прскаат содржината за да создадат вкус од одредена храна. Создадениот вкус потоа се нанесува преку фолија на рамен телевизиски екран за гледачот да може да го испроба – така што ќе го излиже екранот.

Во текот на пандемијата на Covid-19 овој вид технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, изјави професорот Хомеи Мијашита од Универзитетот Меиџи.

„Целта е да им се овозможи на луѓето да го доживеат искуството на нешто, како што се јадењата во ресторан на другиот крај од светот, дури и додека остануваат во својот дом“, вели Мијашита.

Професорот работи со тим од околу 30 ученици и произвел разни уреди за вкус, вкличително и вилjушка којашто го прави вкусот на храната побогат. Вели дека самиот го направил „вкусниот телевизор“ во текот на минатата 2020 година и дека правењето на комерцијалната верзија би чинела околу 800 евра.

Потенцијалните примени на уредот вклучуваат и учење на далечина за сомелиерите и готвачите, како и за дегустациски игри и квизови.

Мијашита, исто така, бил и во преговори со компании за користење на неговата технологија за распрскување за уреди коишто можат да додадат вкус на пица или чоколада на кришта тостиран леб.

Студентката на Универзитетот Меиџи, 22-годишната Јуки Хоу, демонстрирала пред новинарите како функционира „вкусниот телевизиор“, велејчи во керанот дека сака да проба слатка чоколада. По неколку обиди, автоматизираниот глас ја повторил нарачката и млазниците за вкус го распрскале примерокот на фолката.

„Малку е како млечна чоколада. Слатко е како чоколаден прелив“, рекла Јуки.

Total
12
Shares
Поврзани објави