Во Австрија со закон задолжителна вакцинација

Денеска во Австрија стапи на сила законот за задолжитена вакцина против ковид за сите полнолетни граѓани.

Неколку држави досега имаа воведено обврска за задолжителна вакцина за повозрасните граѓани и медицинските лица, но Австрија е првата европска држава која воведува закон за задолжителна вакцина на сите граѓани над 18 години.

Според австриската влада вакцината е најдобрата и најефикасна заштита за граѓаните во битката со пандемијата на корона. Според Владата на Австрија воведувањето на ваков закон е неопходен за да се избегнат нови блокади и протести.

Австриската министерка за ЕУ ​​и устав Каролин Едштадлер објасни дека администрацијата е свесна дека тоа е многу тешка мерка, но дека е неопходна.

– Ние како политичари имаме одговорност да ја обезбедиме работата на здравствениот систем, за општеството да може нормално да функционира – рече Едштадлер.

Министерката воедно признава дека задолжителната вакцинација е мешање во човековите права, но посочува дека во овој случај тоа е оправдано.

– Неопходно е да се излезе од пандемијата, а вакцинацијата е единствениот начин да се вратиме во нормален живот – вели таа и објаснува дека законот за задолжителна вакцинација истекува во јануари 2024 година, но тоа може да се случи и порано и доколку дозволи пандемијата.

Според новиот закон граѓаните кои ќе одбијат вакцинација ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Единствен исклучок од вакцинација е дозволен само поради медицински причини или бременост.

Извор: Информер.рс.

Total
13
Shares
Поврзани објави