Во затворот Идризово откриен тунел за бегство!

Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација.

Неофицијално, во оваа акција е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостигале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во него имало и потпорни греди. Осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки.

Според информациите, тунелот се копал најмалку 4 до 5 месеци наназад.
Пред еден месец директорот на затворот Шпенд Тахири го смени комплетното раководство на затворската полиција и назначи лица со искуство во затворскиот систем, кои веќе почнаа да даваат резултати.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео : Влезовите во Тетово блокирани по големиот дожд, единствен излез е од кај Штуловиот универзитет, поплави и во прилепско и Валандово

N Попладнево цело Тетово беше погодено од големото невреме. На социјалните мрежи објавија снимки и фотографии од поројните…