Момче од Струга тешко повреден во сообраќајна незгода

Момче од село Октиси струшко синоќа бил тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта.

Тој управувал со моторцикл кога се судрил со патничко моторно возило „опел“  со струшки регистарски ознаки, управувано од негов соселанец.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот – малолетник од Октиси се здобил со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, стои во соопштението на полицијата.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави