Во скопско Козле загина малолетник на скутер

Во тешка сообраќајна несреќа во скопско Козле синоќа загина малолетно момче кое возело мотор хонда. Момчето загинало на лице место по судар во кој учествувале и автомобили ситроен и мини купер.

МВР објави соопштение дека е извршен увид и е отворена истрага:

-На 05.12.2022 околу 20.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Одлука на Апелација Салиу пуштен од притвор – здравјето причина за одлуката иако ЈО смета дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат…