Во 5 училишта во Скопје на нивни меил адреси, претпладнево се пристигнати закани за поставени бомби

Во 5 училишта во Скопје на нивни меил адреси, претпладнево се пристигнати закани за поставени бомби, потврдија од МВР за Телма.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Средношколци од училиштето Орце Николов потврдија дека и нивното училиште било евакуирано и дека полицијата е во училиштето. Исто така слична состојба е и во средните училишта Никола Карев, Јосип Броз и Раде Јовчевски Корчагин. Закана стигнала и на адресата на АСУЦ во Автокоманда.

Total
4
Shares
Поврзани објави