Вупи Голдберг суспендирана од Еј-би-си поради навредливи коментари за холокаустот

Вупи Голдберг, комичарка и актерка, која исто така е ководителка на ток-шоуто на Еј-би-си, The View, ќе биде суспендирана на две недели, објави мрежата во вторникот вечерта откога таа изјави во шоуто дека холокаустот не бил за раса – коментар што доаѓа во време на растечки антисемитизам на глобално ниво.

Според повеќе медиуми, коментарите на Голдберг во епизодата на „Д’ вју“ доаѓаат во услови на очигледно незнаење за холокаустот и зголемен антисемитизам. Таа подоцна се извини, но штетата е веќе направена.

Во епизодата што се емитуваше во понеделникот Голдберг рече дека холокаустот е за нечовечност на човек кон човек и дека не станува збор за раса. Кога еден од другите водители го оспори тоа тврдење велејќи дека холокаустот бил поттикнат од белата надмоќ, Голдберг додаде: „Но, ова се две групи на бели луѓе“.

„Овие бели луѓе им го прават на други бели луѓе, па нека се караат меѓу себе“. Додека таа продолжи да зборува, беше пуштена музика што навести пауза за реклами.

Во вторникот вечерта Ким Годвин, претседател на „Еј-би-си њус“, ги извести вработените дека Голдберг ќе биде суспендирана поради нејзините погрешни и навредливи коментари, пренесува „Њујорк тајмс“.

Total
3
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Интернационалната технолошка компанија „Инфинум“ ја презема македонската компанија за развој на софтвер „3П Девелопмент“

„Инфинум“ една од најголемите хрватски компании, со интернационално искуство за развој на дигитални производи, која работи на глобалниот…