Галичка свадба со младенците Катерина и Филип

По пауза од една година поради ковид-пандемијата, викендов се одржува Галичката свадба на која годинашни невеста и зет се Катерина Илиевска и Филип Бундовски.

Манифестацијата почна вчера со традиционалните свадбени обичаи – китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“, а ќе заврши денеска со венчавка на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник.

Галичката свадба се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура. Организатор е Месната заедница „Галичник“ која на прес-конференција соопшти дека викендов во Галичник ќе има посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање околу локациите на настанот.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…