Гранатиран украинскиот град Енергодар, во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот град Енергодар, кој се наоѓа во близина на нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, синоќа беше погоден од неколку гранати, јави ДПА.

Москва и Киев разменија обвинувања за артилерискиот бараж. Двете страни објавија видео снимки на кои се гледаат многу автомобили запалени во станбени области на градот.

– Седум лица се повредени, од кои двајца потешко, изјави Владимир Рогов од руската окупациска администрација, пренесува ДПА. Тој посочи дека преку нападот Украина се обидува да ја спречи
посетата на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Украинскиот градоначалник на Енергодар, Дмитро Орлов, кој го напушти округот, рече дека тоа е провокација и
дека зад нападот стојат руските сили. Тој ја обвини Москва за „нуклеарна уцена“ бидејќи во објектот се стационирани руски воени единици. Меѓународната заедница стравува дека борбите во нуклеарната централа
Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, може да предизвикаат нуклеарна катастрофа.

Total
4
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Експлозии во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во градот се случиле неколку експлозии. Имаше неколку…