Чие е опожареното возило во скопски Чаир предизвика лавина од реакции во јавноста.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вели дека е на негов сосед, ама реагираше за истото на Фејсбук, а неговиот соопартиец од владејачката ДУИ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека е на Груби.
Од владејачката СДСМ, исто како и Османи, го осудија инцидентот, а во рекцијата велат дека возилото било користено од Груби, а од владејачката Алијанса за Албанците пак во осудата велат дека тоа било на Груби.
Министерството за внатрешни работи вели дека е на скопјанецот Б.Л..