Деветмина повредени во сообраќајка кај Валандово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека девет лица се повредени во сообраќајка која вчера се случила во валандовско во близина на село Рибарево.

„Вчера  во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(74) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово“, соопшти МВР.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Маж почина на Кеј

Утрово човек починал додека трчал на кеј, блиску хотелот „Александар Палас.“ На местото се пристигнати брза помош и…