Дизелот поевтинува 2 денари

Man on a gas station. Guy refuelong a car. Male in a white shirt.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%. Според одлуката се намалува цената на дизелот за 2 денари, а бензините и маслото за домаќинство не се менуваат.

Од вечер на полноќ новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98     по 98 денари/литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 94,5 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 52,840 денари/килограм.

Total
7
Shares
Поврзани објави
Повеќе

АРМ од денес е АРСМ

Претседателот на државата и врxoвен koмандант на вооpyжените cили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уpeдбата за ознаките на…