Велешанец загина во пожар во својата куќа кај Црна Џамија

Велешанец загина во пожар кој избувна синоќа околу 3:45 часот, во неговата куќа на улица “Коле Цветков” во велешката населба Црна Џамија. Според првичните информации загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 58 години. Спoред се уште непотврдени информации, трагедијата можела да биде уште поголена, откако по избувнувањето на пожарот од силниот чад се задушил и братот на починатиот, кој прв стигнал на помош. Сепак, лекарите од итната помош му пружиле медицинска помош и го спасиле.

Откако пожарникарите стигнале, почнале да гаснат, а на помош дотрчале и соседите од околните куќи. Со брза акција пожарот бил изгаснат и за среќа не се проширил и на околните куќи.

извор: batali.net

Total
0
Shares
Поврзани објави