Доктор Софијанова – Новиот вирус кој го напаѓа црниот дроб кај децата опасно и брзо се шири

Директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова, во изјава за „еМагазин“ вели дека аденовирусот кој го напаѓа црниот дроб кај децата страшно брзо прогресира.

„Станува збор за брз и агресивен аденовирус, кој ја напаѓа јетрата на децата. Брзо го уништува црниот дроб и нема време за лекување, па затоа се оди на брза трансплантација, вообичаено од татко на син, мајка на ќерка, бидејќи нема време да се чека донор.

Овој аденовирус може е мутиран и асоцира на спајк протениот на Ковид-19. Знаете и сами коронавирусот кај некои од возрасните брзо прогресираше. Можеби се работи и за заспан имунитет на децата,“ изјави Софијанова за „еМагазин.мк“

Она што Софијанова препорачува е внимателно следење на децата во однос на појавување на жолтило околу зениците на очите, да се следи дали детето е изнемоштено, бидејќи навременото дијагностицирање е многу важно во однос на давање на терапија за заштита на црниот дроб.

Таа информираше дека до сега има 191 случај на заблено дете, 90 проценти се во Велика Британија, а 50 отсто од нив завршиле на трансплантација.

Во соседството прв случај има во Србија.

извор: emagazin.mk

Total
17
Shares
Поврзани објави