Д-р Марјан Шокаровски нов директор на државната Кардиохирургија

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство.

Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет-Скопје.

-Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така, се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, информира Министерството за здравство. Назначувањето на Шокаровски следува по разрешувањето на досегашниот директор на оваа клиника, д-р Сашко Јовев, по одлука на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Дали средствата се сигурни во банки кои се регулирани од тимот во НБРМ којшто во случајот со Еуростандард Банка, неуспеал да спречи криминал

Здружението на oштетени штедачи на Еуростандард Банка со изјава до медиумите би сакале јавно, да постават неколку прашања…