Дојави за бомби во Скопје, Тетово и Битола

Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Дo сега во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (до сега едно училиште), Тетово (до сега две училишта) и Скопје (до сега седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави