Новак Ѓоковиќ доби „медицинско ослободување“ од вакцинација од две независни здравствени комисии во Австралија, а на стартот на четвртиот ден од целата драма поврзана со светскиот рекет број еден, конечно се дозна зошто Србинот побарал ослободување за настап на Австралија Опен.
Србинот остана во Мелбург во имиграциски хотел и покрај тоа што доби препорака да си оди како депортиран странски државјанин со одбиена виза, па во пресрет на утрешното рочиште кое ќе го има во Судот, медиумите откриваат со какви докази ќе излезат адвокатите на најдобриот светски тенисер.
Ѓоковиќ реши да ја тера правдата до самиот крај без оглед на околностите и последиците кои може да ги сноси, па негова почетна точка за добивање на „војната“ со австралиските власти ќе биде прележаниот вирус во месец декември.
Новак побарал и добил „медицинско ослободување“ од здравствените комисии поради тоа што прикажал документ за прележан коронавирус по вторпат на 16-ти декември 2021-ва година, што на крајот сепак не се покажа како доволен аргумент за влезе во државата според федералните власти.
Адвокатите на Србинот ја доставиле оваа документација во судот и истата е веќе позната на медиумите, па сега останува да видиме која ќе биде конечната одлука на судот и дали Ноле на крајот ќе добие дозвола за настап на Австралија Опен после целиот овој скандал во кој се вмешаа и политичарите.