Калин Ивановски за првпат во својата кариера ќе игра во четвртфиналето на јуниорскиот дел од грен слем турнирот, Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски за првпат во својата кариера ќе игра во четвртфиналето на јуниорскиот дел од грен слем турнирот, Вимблдон, откако денеска со 2-1 (6-4, 5-7, 6-0) беше подобар од Едас Бутвилас. 

Ивановски одигра уште еден одличен меч и покажа дека е нашата најголема тениска надеж. Тој во денешното осминафинале играше против осмиот носител, Литванецот Едас Бутвилас.

Ивановски го доби првиот сет со 6-4, а по голема борба го загуби вториот сет со 7-5.

Во третиот решавачки сет, македонскиот тенисер беше перфектен, не загуби ниту еден грејм, го доби сетот со 6-0 и дојде до победа од 2-1.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Артнак и Роденас.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мурињо: Ги лажев сите!

Жозе Мурињо во неделата го имаше својот 1000 јубилеен натпревар во својата професионална тренерска кариера. Рома на Олимпико…