Вечерва да навиваме за нашите фудбалери – играат со европскиот првак Италија

Македонските фудбалери вечерва ќе истрчаат на стадинот „Енцо Барбера“ во Палермо каде против домаќинот актурлениот европски првак Италија ќе го играат еден од најважните натпревари во историјата – бараж за светското првенство во Катар.

„Азурите“ се апсолутен фаворит и имаат речиси комплетна екипа за разлика од  македонската репрезентација бидејќи вечерва пораси суспензија нема право на настап најдобриот фудбалер „дијаматот“ Елиф Елмас кој игра во врвна форма во калчолигашот Наполи.

Селекторот Милевски нема да може да смета ниту на повредениот Јаховиќ и на играчот од средниот ред Тихомир Костадинов.

Иако се е на страната на Италија нашите репрезентативци се убедени дека може да изведат чудо во Палермо  и да ја изненадат Италија исто како што го сторија тоа со четирикратниот светски првак – Германија.

Македонската репрезентација ќе ја има поддршката на над две илјади фанови кои веќе се пристигнати во Палермо и кои како и фудабелирте ветуваат беспоштедна борба на трибините на „Енцо Барбера“.

Total
0
Shares
Поврзани објави