Почина Франц Бекенбауер

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер почина во својата 78 година од животот, откако во последните неколку месеци неговата здравствена состојба драстично се влоши.

Информацијата ја потврди семејството на некогашниот популарен дефанзивец од редовите на Баерн Минхен, кој токму во овој клуб ги мина најславните денови одигрувајќи 582 натпревари во периодот од од 1964 до 1977 година, а беше и стандарден првотимец во тогашната репрезентација на Западна Германија, за која забележа 103 настапи.

Откако ја заврши кариерата на играч, Бекенбауер градеше и кариера на тренер, го предводеше својот Баерн Минхен а ја презема и Селекторската функција на Германија.

Што се однесува до одличјата, германската фудбалска легенда беше светски првак како играч, во 1974, и како селектор со Германија, во 1990 година. Со репрезентацијата се радуваше и на најсјајното одличје во Европа.

Во германскиот шампионат се израдува на 5 титули во Бундеслигата со Баерн Минхен, а како капитен го предводеше клубот до три титули во Купот на европски шампиони во 1974, 1975, 1976 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави