Прилепчанец уплатил 1.000 денари и го погоди точниот резултат на Англија – Македонија (Фото)

Не се сите незадоволни што Македонија загуби од Англија со 0-7. Обложувач од Прилеп го погодил точниот резултат (7-0) и уплатата во Sport Life му е 1.000 денари на огромна квота од 51.0, тикетот е уплатен брзо откако се дознаа почетните состави.

Можеби многумина веруваа дека на средбата ќе паднат 7+ голови, игра за која исто така имаше огромна квота, но да се погоди точен резултат 7-0, е вистинска мајсторија, а потребна е и среќа. Англичаните во последните 20-тина минути не дадоа гол откако претходно во просек даваа на секои 6 минути.

izvor- sportmanija.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави