Таткото на Ѓоковиќ нема да биде на денешниот полуфинален меч

Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието во јавноста откако по четвртфиналниот меч се сликаше со српски навивачи кои имаа руски знамиња и слики со Владимир Путин.

Тоа беше оценето како јавна поддршка за Русија, политичка пропаганда која нема врска со спортот. Однесувањето на Срѓан Ѓоковиќ наиде на осуда од западните медиуми.

Таткото на Ѓоковиќ излезе со изјава во која вели дека немал намера да предизвика реакции, не сака да биде пречка на патот на неговиот син на Австралија опен и денешното полуфинале ќе го гледа пред телевизорот, а не на трибините.

Тука сум само како поддршка на мојот син, немав намера да предизвикам наслови и да бидам пречка. Во тие моменти бев надвор со навивачите на Новак, нешто што го правев после сите мечеви на син ми. Сакав само да ја прославам победата и да се сликам со нив. Немав намера да се плеткам во нешто политичко. Моето семејство го преживеа ужасот на војната и ние сакаме само мир. За да не бидам никаква пречка на мојот син во полуфиналето, решив мечот да го гледам од дома“, изјави таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави