Забрана за тешки моторни возила на патот Кичево-Пресека-Охрид, на Стража и од Тетово до Попова Шапка

Поради обилни врнежи од снег, на патниот правец Кичево-Пресека-Охрид, утрово од 04:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила од 02:40 часот има и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, а од 05:00 часот и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ЦУК: Зголемен број повици на 112 во последното деноноќие – вкупно 2.145 повици, пет пожари на отворено, а во првите петнаесетина минути од првиот ден годинава пожарникарите имале гаснење пожар со спасување неподвижно лице

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112…