Заклучок на бугарската истрага за несреќата на автобусот на „Беса транс“: Шоферот е виновен

Возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, објави Борислав Сарафов, заменик на бугарскиот главен обвинител на Бугарија, како финален заклучок од истрагата што се водеше во Бугарија.

Причина за несреќата е губење на контрола на возачот врз автобусот. И високата, да речам несоодветна, брзина која, сепак, не била над дозволената, изјави Сарафов, пренесува дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во стравичната несреќа загинаа 45 патници додека седум лица преживеаја.

Total
22
Shares
Поврзани објави