Зеленски ѝ честиташе на Гордана Силјановска Давкова за победата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ честиташе на Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори.

„Честитки за Гордана Силјановска Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во спротивставувањето на руската агресија. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа“, напиша Зеленски на Платформата X.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Гори куќа во Жданец

Гори куќа во скопската населба Жданец. Ова е последната информација од противпожарната бригада која со најмалку 4 возила…