Земјотрес од 3,3 степени во Тетово и Гостивар

Земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтер утринава бил почувствуван во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот  се случил во 10 часот и 24 минути, со епицентар кој се наоѓа 35 километри западно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Тетово – Гостивар.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во регионот Тетово и Гостивар.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на…