Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на пожар, ама бара и помали плати за пожарникарите“, објавен на ден 23.07.2019 година која ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

Во текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на пожар, ама бара и помали плати за пожарникарите“, објавен на Вашиот портал на ден 23.07.2019 година, се наведени невистини со кои во јавноста се добива погрешен впечаток за односот на Општина Струмица кон пожарникарите, која што од секогаш имала професионален однос и почит кон нив, како кон луѓе кои извршуваат сериозни и одговорни работни задачи.

 Не е точно дека дека администрацијата на Општина Струмица не може и не сака да се справи со потребите, односно, правата на вработените во Противпожарната единица. Напротив, се работи за доставено Итно барање до Владата на РСМ, затоа што  бараме измена и дополнување на Законот за пожарникарство кој ги дефинира сите аспекти на пожарникарската професија, но мора да се одреди и број на бодови за плата кој соодветствува со звањата и бараниот степен на образование од член 11-б од Законот за пожарникарство, бидејќи постоечкиот и се уште неизменет член 13 од истиот Закон е  неприменлив и не соодветствува со звањата кои ги имат пожарникарите

Дописот кој е испратен до Владата и другите надлежни институции од страна на Општина Струмица, ги повикува истите да се направат измена и дополнување на Законот со кое дополнување, пожарникарите како униформирани лица со работни задачи кои повлекуваат поголем ризик, да бидат заштитени од самиот законодавен дом, преку законски точно определена висина на плата изразена преку број на бодови ( како што е за административните службеници ), која како законска одредба, ќе биде задолжителна за примена од страна на секоја Општина.  Во таа намера општината ќе биде упорна и ќе очекува одговор од надлежните за прецизирање на ова прашање и решавање кое ќе биде во законска форма, како што е се друго определено со оваа категорија на вработени лица. Односно, Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите.  

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави