Инжинер во фирма „Мак-Дрил“ од Кавадарци починал кога од камен бил погоден за време на минирање на ископ во рудникот „Говрлево“, соопшти полицијата.
Вчера околу 14:25 часот од итна медицинска помош било пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“.
Тој, како што се наведува во соопштението од МВР, при минирање на ископ во рудникот „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот.
Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Поврзани објави
Новиот премиер Ковачевски: “Работа веднаш”
Со примопредавањето на функцијата меѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот македонски премиер , утрово и официјално стартува…
Костовски: Ме исцедија и ме фрлија на буниште!
Сопственикот на ,,Еуростандард Банка“, Трифун Костовски, во текст за порталот Инбокс7, се осврнува на последните случувања и пропаста на…
Власта заговара избор на директори на конкурс, а своите ги бира по политички клуч
Во време кога партиите на власт прават договори за поделба на директорските места, а медиумите ги објавија имињата…
Шилегов бара укинување на државните инспекторати
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека системот на инспекциски надзор е нефункционален и треба веднаш да се…