Израелец пронајде крстоносен меч

Нуркач пронајде стар меч во близина на бреговите на Средоземното Море во северен Израел, за којшто познавачите велат дека е од времето на крстоносните војни.

Според израелската Управа за антиквитети, пронајдени се повеќе предмети на 150 метри од брегот, меѓу кои и фенери, ќерамика и меч долг еден метар. На ова место има повеќе археолошки слоеви, од коишто некои се стари и 4.000 години, но тешко е да се дојде до сите нив.

За новиот наод се наведува дека е стар околу 800-900 години.

Нир Дистелфелд, инспектор во одделот за антиквитети, рече дека мечот бил обвиен во морски организми, но очигледно е направен од железо, и „потекнува од времето на витезите, оклопите и мечевите”. Ќе биде исчистен и дополнително анализиран, а на нуркачот Шломи Кацин му се заблагодари што постапил како одговорен граѓанин

Total
8
Shares

USJE
Поврзани објави