Илјадници граѓани на протест во Белград против ископот на литиум

Илјадници луѓе во Србија вчера протестираа во Белград против плановите за ископување на едно од најголемите европски наоѓалишта на литиум – клучна суровина за батериите на електричните автомобили.

Активистите велат дека рудникот ќе предизвика неповратно уништување на природата во долината Јадар во западниот дел од земјата, каде што е лоцирано наоѓалиштето.

По големите граѓански протести во 2022 година, рударскиот гигант Рио Тинто ја изгуби својата лиценца за отворање рудник, но проектот се реактивира минатиот месец следејќи судска одлука и менувањето на одлуката на Владата на Србија.

Претседателот Александар Вучиќ постојано инсистира дека ќе се воспостават строги еколошки протоколи за заштита и безбедност на природата околу долината Јадар.

Демонстрантите во главниот град на вчерашниот протест под слоганот „Рудник нема да има“ скандираа „Рио Тинто оди си од Србија“ истакнувајќи транспаренти на кои пишуваше „Не се откажуваме од Србија“. Протестот се одржуваше на плоштадот Теразија, а потоа демонстрантите маршираа низ градот.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Случката со Османи на скопскиот аеродром е чиста провокација и намера да се предизвика инцидент обвини Косовското претседателство

Претседателството на Република Косово излезе со соопштение до јавноста во кое ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави…