Интензивно се чистат дивите депонии во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош. Градот Скопје веќе почна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации во Град Скопје.

– Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чии што рок на имплементација се токму 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните приоритети. На дел од овие локации се предвидуваат нови зелени површини, а скопјани ќе добијат чиста, зелена и модерна европска метропола – изјави Арсовска при денешната контрола на активностите на терен.

Со санацијата на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата.Истовремено, во соработка со другите градски општини, денеска на терен се чистат депониите во општините Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Дополнително, во соработка со здруженијата и граѓаните ќе се мапираат дополнителни локации на кои во моментов постојат диви депонии со цел нивно отстранување и санација.

Total
3
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес во Маврово

Утрово во 7,23 часот во Маврово е почувствуван послаб земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка…