Истрага за наставник од Струмичко: Праќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка

Осомничениот наставник од основно училиште пораките ѝ ги праќал на ученичка преку социјалните мрежи во периодот од октомври 2020 г. до денес

Наставник од Струмичко е под истрага за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, соопшти струмичкото обвинителство.

По отворањето на истрагата, ОЈО Струмица соопшти дека наставникот е осомничен дека ѝ праќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка во период подолг од една и пол година.

„Осомничениот, наставник во основно училиште во Струмичко, во периодот од октомври 2020 до мај 2022 година, преку социјална мрежа ѝ испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи можност кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврата извршил и други полови дејствија допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената“, велат од ОЈО Струмица.

На предлог на Обвинителството, судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на наставникот му одреди притвор од 30 дена.

За делото полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, за кое е осомничен, е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

Total
1
Shares
Поврзани објави