И полициски брод во обрачот околу вилата Билјана во Охрид за заштита на Вучиќ, Курти, Ескобар, Борел

Голем безбедносен круг е поставен околу вилата Билјана во Охрид каде во тек се средбите во рамките на дијалогот Белград-Приштина под покровителство на ЕУ.

Стотина полициски службеници се распоредени во овој дел на Охрид околу вилата и хотелот Инекс Олгица каде е прес центарот.

Полициски брод е на езерото како дел од мерките за обезбедување на средбата на која се присутни високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, американскиот специјален пратеник за западен Балкан Габриел Ескобр, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Косово Албин Курти.

Домаќин на средбата е претседателот на владата Димитар Ковачевски, а во Охрид е и претседателот Стево Пендаровски.

Во хотелот каде што е прес центарот беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети и министерот за надворешни работи Бујар Османи кои се сретнаа со косовскиот премиер Курти.

За настанот има голем медиумски интерес и се акредитирани над 230 медиумски работници од државата, од Србија, од Косово, но и од повеќе регионални и европски медиуми.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Убиство во Ново Лисиче

СВР Скопје – Единица за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С.(28) од…