Кавга меѓу поранешни сопружници ќе направеше македонско-бугарски инцидент

Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од киоскот во негова сопственост кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња, лоциран на патот за накај црквата Света Недела во Битола.

Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола. Тие соопштија дека случајот е пријавен во СВР Битола, но и во генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго, пишуваше во објавата.

Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесуваше интимни работи поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Порача деке и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

-Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик, велат од МВР за Фокус.

По овој инцидент бугарските медиуми веднаш потсетија дека на 29 јануари имало и друг инцидент кога било скршен прозор на автомобилот на претседателот на Здружението за бугарско-македонско пријателство и сите тие се толкуваат како напад врз Бугарите во Македонија.

извор: Фокус.мк

Total
3
Shares
Поврзани објави