Приведен Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и косопственик на „Соравија“

Полицијата вечерва го привела Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.

Дрин Ахмети, кој има 25 години е притворен вечерва нешто пред 20 часот.

Полицајци го запреле возилото „ренџ ровер“ со кое управувал Д.А и при преглед пронашле пиротехнички средства“, велат од Министерството за внатрешни работи.

„Лицето Д.А, од село Зајас – Кичево, е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.

По веста за приведувањето на Дрин Ахмети, веднаш реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед дека Ахмети е од „европската коалиција”, дали и пиротехничките средства кој ги шверцувал внук му Дрин се европски?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Total
0
Shares
Поврзани објави