Антоанета Димовска, граѓански судија и член на Судскиот совет, кажа дека е длабоко разочарана од казната за врховниот судија, Наќе Георгиев. Според неа, казната не е доволна. Посочува дека ставот и е како мајка, баба, граѓанин, а не како член на Судскиот совет. Според неа, за судија кој сторил криминал – нема олеснителни околности.
„Како граѓанин не сум задоволна со ваква пресуда. Сметам дека за судиите мора да се изрекуваат построги казни. Сметам дека оваа казна не е соодветна на направеното. Би апелирала до нашите судии, да бидат похрабри“, рече Антоанета Димовска и додаде:
„Јас јавно кажувам дека оваа казна не е доволна. Секој има право да си го каже своето мислење. За да испратиме уште поголема порака, едно ќе кажам, за судиите не постојат олеснителни околности. За сите можат да постојат – за судија не! Или си чесен или не си. Или имаш интегритет или нема интегритет. Тоа е моето што ќе го кажам“, додаде Димвоска.
извор: Скопје1