Најверојатно на почетокот на следната недела Комисијата формирана од Министерството за правда ќе го објави извештајот за функционирањето на судскиот компјутерски систем за распоредување на предмети. Комисијата која ја води судијата од Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев, на два пати изврши увид во скопска единица. Во изјава за медиумите Нанев рече дека е констатирана одредена состојба без да открие повеќе детали, но нагласувајќи дека јавноста наскоро ќе добие одговор на прашањето – што точно се случувало со компјутерскиот систем.
“Доколку имало злоупотреби или било какви одредени други дејствија кои што укажуваат на одредени кривични дела тоа не е предмет на Комисијата, туку тоа е активност на другите институции во Р. Македонија”, изјави Нанев по завршувањето на увидот.
Комисијата за прв пат во Основниот суд Скопје 1 отиде на увид минатиот четврток, еден час пред Специјалното обвинителство да влезе да изврши претрес во канцелариите на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, и уште двајца вработени во информатичкиот сектор на судот. Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека се работи за предистражна постапка поради сомнеж дека се издавале податоци за други лица во јавноста или на други заинтересирани странки, службени податоци од АКМИС- системот поврзани со случаите на СЈО но и за местење на судски предмети.
Неколку дена подоцна, судиите одржаа колегиум на кој в.д претседателот на судот Стојанче Рибарев им појаснил дека знаел дека ќе има претрес кај Панчевски. Но иако неофицијално беше најавено дека ќе има соопштение по овој состанок, сепак судиите до разрешување на постапката околу нивниот колега, одлучија да останат без изграден став.
Поврзани објави
Три години затвор за Кичевскиот за случајот Рекет
Зоран Милески Кичеец денеска доби казна затвор од 3 години, а во истата казна ќе биде пресметано и…
Охридски Комуналец го расчистува крајбрежјето кај Свети Наум
Обилните врнежи изминатите денови придонесоа огромни количини тешко разградлив отпад да се натрупа на брегот на Охридското Езеро…
Помилуваните за 27 април бараат 2 милиони евра за адвокатски трошоци, Кацарска не дава
Приближно два милиона евра од државата побарале помилуваните за 27 април, дознава „А1 он“. Станува збор за адвокатските…
Коп: Каде се милијардите што ги вложивме за да направите реформи
Уставните измени се користат како изговор од македонските власти за неспроведување на реформите, рече холандскиот амбасадор во Македонија…