Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски за првпат во својата кариера ќе игра во четвртфиналето на јуниорскиот дел од грен слем турнирот, Вимблдон, откако денеска со 2-1 (6-4, 5-7, 6-0) беше подобар од Едас Бутвилас.
Ивановски одигра уште еден одличен меч и покажа дека е нашата најголема тениска надеж. Тој во денешното осминафинале играше против осмиот носител, Литванецот Едас Бутвилас.
Ивановски го доби првиот сет со 6-4, а по голема борба го загуби вториот сет со 7-5.
Во третиот решавачки сет, македонскиот тенисер беше перфектен, не загуби ниту еден грејм, го доби сетот со 6-0 и дојде до победа од 2-1.
Во четвртфиналето Ивановски ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Артнак и Роденас.