Катица Јанева доби слободен викенд

Катица Јанева дома ја дочека новата година. На поранешната специјална обвинителка и било дозволено да прослави со семејството во Гевгелија. Оваа привилегија ја добила бидејќи според законот и следи викенд доколку одлежала 1/3 од казната. Пресметано со деновите од домашен притвор таа ја исполнува оваа законска одредба од казната која и беше пресудена за случајот Рекет. Со молба побарале слободен викенд од 31 декемеври во времетраење од 3 ноќи 4 дена. Според адвокатите е прво нејзино излегување по 5 месеци, кога од домашен притвор беше спроведена во затворот Идризово.

Јанева утре  го завршува викендот и се враќа назад во затворот. За ова кривично дело таа е казнета со 7 години затвор. Пресудата за Рекет е на вонредно преиспитување во највисокиот суд. На два дена пред нова година беше пуштен од притвор и екс директорот на УБК САшо Мијалков. Апелација ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра дека тој нема да избега од државата. Мерка притвор му беше изречена за предметот Трезор во февруари минатата година. Мијалков е првостепено осуден за предметот Таргет Тврдина а се товари и за неколку други кривични дела. 

Total
17
Shares
Поврзани објави