Кацарска: Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена

Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена, изјави на денешната завршна прес-конференција претседателката на Судот, Добрила Кацарска. Претставувајќи го работењето на Судот во текот на 2022 година, таа посочи дека годинава се одржани вкупно 42 седници и 130 решени предмети.

– Навистина верувам во тоа затоа што и со овие бројки што сега ги кажав покажавме дека и кога сме во неполн состав, односно кога бевме само пет судии ние имаме одржано најмногу седници, а освен тоа сè почесто се случува да укинуваме одредби од закони, па веќе ќе се даде и поинаков третман и на барањата за заштита на слободите и правата. Така што, верувам дека граѓаните ќе ја направат разликата помеѓу оваа работа сега на Уставниот суд и претходно, посочи таа. Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека смета оти во моментов нема потреба од средба со повисоки инстанци за да обезбеди мнозинство од уставни судии, и кажа дека е силен поддржувач на воведувањето на уставната жалба. – Ние го одиме патот кон Европа долги години, еве веќе почнавме и преговори. Ќе дојде и тој ден кога ќе побараат од нас воведување на уставна тужба и како што некаде се нарекува уставна жалба. И мој предлог е да час поскоро ја воведеме уставната жалба за да не се најдеме во ситуација да бидеме критикувани и повикувани зошто тој инструмент ние го немаме. Значи, секаде во секоја можност тоа и во секоја прилика го кажувам, но треба да се има во предвид дека е потребна промена на Уставот за да може да се воведе, рече таа. Дополнувајќи дека во новиот акт кој што го имаат подготвено има одредби што се однесуваат токму на уставната жалба.

Но, повторно ви велам, сепак ние зависиме од пратениците. Доколку има волја кај нив ние би се комплетирале веднаш и би почнале после неколку месеци секако би биле спремни да отпочнеме со таа работа. Но, нагласувам дека е неопходно потребно час поскоро да ја воведеме уставната жалба. Посебно што и ние сме една од ретките земји што немаме уставна жалба. На таа тема веќе имам неколку средби со ИРЗ од германската фондација, разговараме, тие ни помагаат, што ќе биде не знам. Не зависи тоа од Уставниот суд во секој случај. Да зависи од нас веднаш ќе ја воведеме, рече Кацарска. Како најстар предмет кој што не бил решен од 2012 година го издвои предметот промената на имињата на училиштата во Општина Чаир. –  Имаме и други стари неколку предмети. Тука беше и предметот за изборот на претседателот на Собрание, Талат Џафери, од 2017 година и тој предмет е завршен. Но овие предмети што се сега останати стари се оние што се однесуваат за указите, за Преспанскиот договор и Законот за јазици за кој што сметавме ние пет судии дека треба да сме во комплетен состав за да можеме да одлучуваме затоа што навистина тоа се исклучително сериозни предмети. Таму се оспорени и указите и во целиот законите и знаете како, можеби ние би имале доволен број на гласови, можеби сите пет судии би гласале исто, но, друго е кога имаме ние дискусија од девет судии. За така сериозни предмети сметам дека треба комплетен состав. Веднаш штом се пополни Судот, штом се комплетираме секако дека тие предмети ќе имаат приоритет, рече таа. Кацарска информираше дека со новиот акт се предвидени многу измени.

– Многу работи кои што не се предвидени досега и токму заради тоа што нема закон за Уставниот суд гледаме тие празнини да ги пополниме со новиот акт. Тоа сепак треба да го одлучат политичарите дали е потребно да има закон или не, а во поглед на изборот на судиите очигледно е дека има многу критики околу оној термин „истакнат правник“ и можеби е сега крајно време точно да се дефинира што значи терминот „истакнат правник“. Но, за тоа не мора да има ни закон. Тоа може да се среди на друг начин, смета таа. На денешната завршна прес-конференција, претседателката ја претстави работата на Уставниот суд за 2022 година и посочи дека темата со неизбирањето на судиите останува сериозен проблем за Судот. 

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пониски цени на горивата

Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот, кој поевтинува четири денари во…